Ковид-19 влезе и во бугарската влада

47

Во изминатите 24 часа во Бугарија починале осум пациенти, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на коронавирус е 308, јавува агенцијата ТАСС. Во болниците има 624 пациенти со коронавирус, од кои 34 се на интензивна нега.

На двајца членови на администрацијата им е дијагностициран ковид-19, така што владата ќе биде затворена поради дезинфекција.

Поради зголемениот број случаи на коронавирус кај медицинскиот персонал, Бугарија се соочува со недостиг на медицински работници. Најзагрижувачка е ситуацијата во Пловдив, каде што се потребни нови кревети за пациенти со ковид-19.

Бугарија ги објави првите случаи на коронавирусот на 8 март.

Носењето заштитни маски е задолжително на затворените јавни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.