Ковид 19 во Бразил: Над четири милиони заразени лица

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 43.773 новозаразени лица со коронавирус. Со тоа вкупниот број на заболени во земјата се искачи над четири милиони, односно 4.041,638, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во последното деноноќие од Ковид-19 починале 834 лица или 124.614 од почетокот на пандемијата. Бразил е најтешко погодена земја во светот по САД.