Ковид статистика: Од 1.365 тестови има 93 позитивни случаи, нема починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 12 реинфекции.

Има 85 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени е 300.617, на починати е 9.287, а на активни случаи изнесува 602.