Ковидтестови од утре и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Брзи антигенски тестови кои можат да се направат непосредно пред заминувањето од утре ќе се прават на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Тестовите ќе ги врши Клиниката Жан Митрев односно нејзината Лабораторија за генетика и персонализирана медицина која веќе има поставен пункт за ковидтестирање.

Пунктот за ковид-19 тестирање ќе работи секој ден кога ќе има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите.