Коѕиас потврди ќе има ревизија на учебниците во Македонија

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас уште еднаш повтори дека ќе има ревизија на учебниците во Македонија.

Комисијата која ја договориле со македонскиот колега Никола Димитров, според него, ќе почне со работа на 4 ноември.

Уште на 29 септември Коѕиас изјави мешовита грчко–македонска комисија ќе прави ревизија на македонските учебници по историја и „ќе ги вади сите примери кои според Атина се иредентизам“.

Во Институтот за национална историја на Република Македонија за ваквата иницијатива дознале од медиумите.