Koѕијас: Оставката е чин на одговорност

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на неговиот официјален Твитер профил пишува за поткопување на честа, репутацијата и достоинството со лаги и клевети и објаснува дека „оставката е чин на одговорност“.

-Со лаги, клевети ја поткопуваат мојата чест, репутацијата и достоинството. Изнудувачи, корумпирани, „пиштоли на системот“ го поткопуваат достоинството и честа на оние кои се противат. Така, удираат по функционирањето на демократијата. Оставката е чин на одговорност – напиша Никос Коѕијас на неговиот официјален Твитер профил, без да прецизира на што и на кој се однесува оваа негова порака.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.