Kpивичнa пријава пpoтив Макревски од „Трансмет“, ја товарел фирмата со 15 милиони евра дoлгoви

Против стечајниот управник Богољуб Макревски е поднесена, уште една во низата, кривична пријава до Секторот за еконокмски криминал и корупција при МВР, овој пат од страна на компанијата Трансмет поради впишување на милионски долгови кои освен на хартија не постојат на друго место, пишува Инфомакс.

„85 годишниот Макревски во јавноста е познат по тоа што стечајните постапки кои тој ги води, најчесто завршуваат со ликвидација на компаниите и распродажба на преостанатиот имот – спротивно на она што се законски обврски на стечајниот управник, реорганизација на компанијата со цел продолжување на работењето на компанијата која паднала во стечај.

Кривичната пријава која овој пат се поднесува против Макревски е поради сомнение за сторено кривично дело по член 32 б за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување со што се оштетени над 700 вработени во компанијата Трансмет како и доверителите кои бараат исплата на нивните долгови.

Што направил Макревски?

Според кривичната пријава против Богољуб Макревски, постои огромна разлика во износите на признаените побарувања на повеќе доверители, споредбено со реалната состојба на долгувањата врз основа на постооечката финансиска документација во Трансмет.

Богољуб Макревски

Тоа би значело дека Макревски, нереално впишувал долгови на фирми кои биле доверители на Трансмет, со цел тие да добијат што поголем дел од евентуалната стечајна маса. Или, објаснето со уличен жаргон – стечајниот управник, според кривичната пријава, впишувал поголеми долгови на компании кои успеале да го „убедат“ Макревски“, објави порталот.

елиот текст можете да го прочитате ТУКА.