Крај на натпреварувањето во Евролигата и Еврокупот

EPA-EFE/MANUEL BRUQUE

Челникот на кошаркарската Европлига, Жорди Бертомеу, им предложил на состанокот во понеделникот на претставниците на 11-те постојани клубови во ова натпреварување прекинатата сезона да биде прекината без продолжување, што важи и за Еврокупот, пренесуваа медиумите.

Се очекува дека предлогот ќе биде прифатен, имајќи предвид дека пред два дена кошаркарските евролигашки клубови со големо мнозинство се изјаснија за прекин на натпреварувањата.

На споменатата видео-конференција учестуваа 36 кошаркари, по два претставника од секој клуб, а повеќето беа на ставот дека продолжувањето на сезоната по двомесечната пауза поради пандемијата предизвиката со ширењето од коронавирусот би било бесмислено.

Евролигашкото натпреварување беше прекинато на 12-ти март додека во Еврокупот требаше да започне четвртфиналната фаза.

Подоцна во понеделник во 16,30 часот најавена е прес-конференција на првиот човек на Евролигата на која се очекува Бартомеу да изнесе повеќе поединости околу одлуката за прекинување на натпреварувањета, како и за тоа кои екипи ќе учествуваат во следната сезона на Европлигата и каква е иднината на наптреварувањето имајќи ги предвид сегашните околности со пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.