Крај на протестите во Мелбурн, рекордно висок бројот заразени

Улиците во австралиската метропола Мелбурн во четвртокот се невообичаено тивки по тридневните протести против карантинот, со стотици полицајци кои патролираат по градот за да спречат нов протестен собир, додека бројот на заразите со коронавирусот во сојузната држава Викторија достигна рекордни нивоа.

Полицијата во Мелбурн ги легимитираше лицата кои ќе ги сретне надвор, покажуваат снимките на социјалните мрежи, по насилниот протест во средата на кој во вториот по големина град во Австралија уапсени се повеќе од 200 лица.

Центарот за вакцинирање во градскиот совет во Мелбурн ќе биде затворен до понеделникот, откако неколку лица кои работат во центарот физички и вербално се злоставувани на патот кон работното место, соопшти во четвртокот здравствениот центар.

„Зошто би злоставувале, како што ми е кажано, зошто би плукале на луѓето коишто се занимаваат со таква работа? Тоа е грдо, тое е непотребно“, рече на брифингот за медиумите премиерот на споменатата сојузна држава Даниел Ендрјуз.

Стотици лица излегоа на улиците на Мелбурн, кој има петмилионско население, откако градските власти претходно оваа седмица наредија двонеделно затворање на градилиштата и наредија задолжително вакцинирање за работниците на градилиштата за да спречат ширење на коронаврусот. Полицијата и синдикалистите соопштија дека на демонстрантите им се приклучиле екстремистички групи.

Државата Викторија во четвртокот пријави 766 нови случаи пренесени локално, што е пораст од најголемиот дневен показател од 5-ти август 2020 годна, кога се забележани 725 коронаинфекции. Соседниот Нов Јужен Велс забележал 1.063 новозаразени, што е раст во однос на 1.035 од претходниот ден, како и шест смртни исходи.

Австралија се соочува со третиот бран на епидемијата на коронавирусот по појавата на ткн делта варијанта во двата најголеми градови Сиднеј и Мелбурн, како и во главниот град Канбера, присилувајќи близу половната од вкупно 25-милионската популација на мерки на строго затворање во домовите.

Властите ветија ублажување на мерките карантин кога 70 отсто од возасното население ќе биде вакцинирано, што се очекува да се постигне следната седмица. Околу 55,5 отсто лица на возраст од 16 години и повозрасни, целосно се вакцинирани во Нов Јужен Велс и околу 45 отсто во Викторија.

Бројот на потполно вакцинираните лица во Нов Јужен Велс расте за околу 1 отсто дневно, изјави министерот за здравство на оваа сојузна држава, Брад Хазард, велејќи дека до –миоктомври бројот на вакцинираните ќе достигне 70 отсто. Функционерите ветија дека ќе ги олеснат карантинските ограничувања во понеделник, откако ќе биде постигнат овој процент.

Вкупниот број заразени во Австралија дојде до 92.000, додека од средината на јуни се забележани 61.000 заразени, откако првиот делта случај беше потврен во Сиднеј. Вкупниот број смртни случаи е под 1.200, и и натаму е понизок отколку во други држави со приближно сличен број жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.