Краде од богатите им дава на сиромашните, Василис – грчкиот Робин Худ

Најбараниот човек во Грција, ограбувач на банки и киднапер, четириесет и осумгодишниот Василис Палеокостас, воедно и една од најпопуларните личности затоа што се однесува како Робин Худ, ги ограбува банките и им помага на сиромашните, како што и самиот бил се додека не тргнал по друг пат.

Приказната ја објави ББЦ, затоа што локалните медиуми на Палеокостасот не го прикажуваат во вистинско светло, а народот веќе го има опеано ликот кој често се наоѓа на плакатите, особено откако кризата ја потресе Грција до темел, а луѓето се уверени дека за кризата се виновни банките и корупцијата.

За главата на Василис е распишана награда од неверојатни 1,4 милиони евра, а по него трага и ЦИА специјалците во Грција познати како „невидливи“. Сепак засега „кралот на планините“ како што е познат меѓу народот, останува вистински невидлив.

Никој од неговото опкружување не го открил неговото засолниште, што и не е необично затоа што пленот од грабежите, тој го разделува на сиромашните, и им помага на девојките кои не можат да се омажат без мираз, а самиот тој живее скромно, вели грчката легенда која наликува на филмска приказна.

Роден во 1966 година во село на снежна прекривка во средишниот дел на Грција, каде неговиот татко ги чувал козите, а тој како негов идол гледал во постариот брат Никос. Во школо одел по снег и тоа бос, а кога снежната прекривка ќе достигнела до тој степен да биде повисока и помладиот брат, тој го носел на плеќи.

Кога имал 13 години, со семејството се преселиле во град, стариот брат заминал на море, а Василис, две години работел на подвижна лента во фабрика за сирење. Грчката економија тогаш цветала, но затоа богатите стануваа уште побогати.

„Василис пател, затоа што бил практично роб за платата, и затоа се свртел против шефовите“, вели негов пријтател.

Ги гледал, „Роки“, „Шварценегер“, „Клинт Иствуд“ во „Бегство од Алкатраз“, и се впрегнал во грабеж. Со братот седум години направил неколку десетици грабежи на видеотеки. Тогаш го сретнал Костас Самарас, „уметник“, со кого грабежите поминаа на повисоко ниво.

Aко земе нечие возило, тој ќе го врати измиено со пари на седиштето. Ако некој му даде да јаде, тој ќе го преплати трикратно.

За двајцата е организирана голема потера. По нив се испалени стотина куршуми, па на властите им пишал писмо за тоа како на него е пукано, а тој во досегашните десетици грабежи не испалил ниту еден куршум по никого.

Писмото било потпишано со мастило од отисок на прст. Властите по тоа на негов терет му наместија и бомба во која е убиен помошник министерот тврдејќи дека на злочинот е пронајден негов отисок. Народот пак се прашува како успеале да го најдат отисокот на бомбата која веќе експлодирада.