Крадец побегна со плен вреден 5.000 евра од стан во Скопје

Со плен вреден 5.000 евра побегнал крадец, чиј идентитет засега е непознат, откако ограбил стан во Скопје, информира денеска скопската полиција.

Кражбата се случил вчера кога арамијата провалил во домот на С.В. (43) на улицата Никола Грчето. Од станот се украдени 1.500 долари, златен и друг накит, мобилен телефон и два компјутери.