Крадец си ги загуби парите

Несмасен крадец имал неуспешен обид за грабеж на банка, доларите му се разлетаа на сите страни.

Надзорната камера го снимила 42-годишниот Роберт Вилијамс како се обидува да собере 20.650 долари кои ги украл од банка во американската држава Мериленд.

Несреќниот крадец ги испуштил парите, а потоа очајно се обидувал да ги собере во чадор кој го нашол крај вратата.

Додека панично си го собирал украдениот плен, полицијата го привела.