Крадел во полициски час претставувајќи се дека е полицаец

Кумановец двапати се обидел да краде за време на полицискиот час и се претставувал како полицаец.

35-годишен кумановец ќе одговара за лажно претставување и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

„Пријавениот за време на забрана на движење, во два наврата бил на бензинска пумпа во Куманово, каде што зел неколку предмети во обид да ги украде. Тој бил забележан од вработените, но по нивна реакција при излегување лажно се претставил како полициски службеник“, соопштија од МВР.

Кривичните се однесуваат на периодот во март за време на полициски час.