Крај на 10-годишната доминација на Меси и Роналдо за Златната топка

Лука Модриќ стави крај на 10-годишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо. 33-годишниот играч од средниот ред беше во конкуренција на Кристијано Роналдо и Антоан Гризман за да ја освои најпрестижната награда во светот на фудбалот – Златната топка. За последен пат, Златната топка од друг фудбалер беше освоена во 2007 година, кога бразилецот Кака го доби признанието.

Меѓу 30-те номинирани на 63-тото доделување на Златната топка беа и Мохамед Салах од Ливерпул, Нејмар и Килијан Мбапе од ПСЖ и секако Кристијано Роналдо и Лео Меси.

Лука Модриќ имаше неверојатна година, со огромна заслуга за добивањето на титулата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа и како капитен на хрватската репрезентација постигна историски успех на Мундијалот во Русија. Годинава тој беше добитник и на голем број индивидуални признанија, меѓу кои и прогласувањето за најдобар играч на УЕФА и ФИФА.

Во топ-10 на ранг листата на Златната топка годинава се најдоа:
1. Лука Модриќ (Реал Мадрид)
2. Кристијано Роналдо (Јувентус)
3. Антоан Гризман (Атлетико Мадрид)
4. Килијан Мбапе (ПСЖ)
5. Лео Меси (Барселона)
6. Мохамед Салах (Ливерпул)
7. Рафаел Варан (Реал Мадрид)
8. Еден Азар (Челзи)
9. Кевин де Бруин (Манчестер Сити)
10. Хари Кејн (Тотенхем)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.