Кралицата Елизабета го одобри законот, си заминува претседателот на парламентот

848

Британската кралица Елизабета Втора го одобри во понеделникот законот со кој се забранува Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија без договор со Брисел, а Џон Беркоув, претседателот на долниот дом на паралемнтот објави дека отстапува од должноста.

Беркоув помогна парламентарната процедура да се прилагоди така што пратениците кои се противат на ткн „тврд брегзит“ да го спречат излегувањето од ЕУ на 31-ви октомври без договор.

Рече дека нема да се кандидира на следните избори, доколку парламентот подоцна во понеделникот гласа за предвремени избори што е предлог на премиерот Борис Џонсон. Доколку, како што се очекува, пратениците го отфрлат предлогот на Џонсон, Беркоув рече дека во секој случај ќе се повлече на 31-ви октомври.

Беркоув беше изложен на жестоки критики од поборниците на брегзитот кои го обвинуваа дека е пристрасен околу напуштањето на Унијата. Во емотивниот говор пред пратениците Беркоув рече дека е горд затоа што ги бранел итнересите на претставниците на народот.

„Во својот мандат се обидував да го зајакнам авторитетот на овој дом и атоа немам намера да му се извинувам апсолутно никому, никаде и никогаш“, истакна.

Во меѓувреме кралицата Елизабета Втора го одобри законот кој спречува Британија на 31-ви октомври да излезе од ЕУ без договор. Овој потег, понат како „кралска согласност“, е всушност печат на монархот на законот кој парламентот и покрај противењето на владата, и се носи токму во прилики на спротиставени ставови на парламентарците и на владата.

Откако пратениците во понеделникот подоцна ќе гласаат за предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори, премиерот најави дека ќе го суспендира парламентот до средината на октомври. Тој по вторпат ќе се обиде да предизвика избоди со што на сила нема да стапи одложувањето на брегзитот, но тоа најверојатно нема да му се оствари бидејќи опозициските пратеници сакаа осигурување Џонсон да не ја изведе Британија од ЕУ без договор.

Без мнозинство во парламентот Џонсон посакува избори околу 15-ти октомври, за да го исполни ветувањето за напуштањето на ЕУ на 31-ви октомври, со договор или без него. Неговиот портпарол повтори дека владата не сака никакво бесмислено продолжување на рокот за брегзитот, туку гласање за предвремени избори на кои Џонсон сака да ја разреши настанатата ситуација.

За распишување на предвремените избори потребна е поддршка од две третини од пратениците, па се очекува дека како и минатата седмица, во понеделник нема да има доволно поддршка. Џонсон минатата седмица реле дека поскоро „би завршил во ендек“ отколку од Брисел да бара одложување. Седницата на Долниот дом на којашто ќе се гласа за предологот на Џонсон почна во понеделникот попладнето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.