Кралицата Елизабета наполни 92 години, од воена принцеза до најдолговечната владетелка

Славејќи го 92-от роденден во саботата, кралицата Елизабета Втора стана најдолговечната британска владетелка и е популарна како никогаш досега.

Според анкетата на YouGov, позитивно мислење за кралицата Елизабета Втора имаат 76 отсто од Британците. Таа е и 329-та најбогата личност во земјата со имот процент на 360 милиони британски фунти.

Справувајќи се со многубројните удари и предизвици во својот долг живот, кралицата секогаш успеваше да го задржи „своето достоинство, чувството кон должноста и фризурата“, вели актерката Хелен Мирен којашто ја толкуваше во филмската приказна.

Елизабета е родена во Лондон на 21-ви април 1926 година. Се образувала во палатата, заедно со помладата сестра Маргарет. Наследничка на престолот стана во 1936 година, кога нејзиниот татко го Џорџ Шести го презема тронот. За да се подготви за идната должност, почнала да учи уставна историја, уметност, музика и јавање.

Годините на формирање како личност на Елизабета ги одбележала Втората светска војна. Првото појавување во јавноста ги имала во октомври 1940 година, кога имала само четиринаесет години. Поголемиот дел од војната го минала во замокот Виндзор наместо во официјалната резиденција во Бакингемската палата, бидејќи германските нацисти жестоко го бомбардирале Лондон. Во тој мачен период за целата земја, тешко било и за кралското семејство.

Во 1947 година се омажила за поручникот Филип Монтебатен, морнарички офицер со данско, грчко и германско кралско потекло. Раскошната венчавка во Вестминстерската опатија претставувало симбол на почетокот на британското повоено закрепнување. Младата принцеза Елизабета, веќе мајка на принцот Чарлс и на принцезата Ана, станува кралица со 25 години, по ненадејната смрт на татко ѝ во 1952 година. Како кралица роди уште две деца, принцовите Ендрју и Едвард.

Последната декада од XX век беше најтешката по војната. Дворецот Виндзор за малку ќе изгореше,, се распадна и онака турбулентниот брак на Чарлс и Дијана, а „народната принцеза“ подоцна ќе загине во сообраќајна несреќа во Париз, која сѐ уште предизвикува разни теории на заговор зад кој стои кралското семејство. Поради првичното неснаоѓање и лошите студени реакции на трагедијата, кралицата, и монархијата воопшто, тогаш беа на најнепопуларното ниво.

Елизабета Втора често вели дека христијанската вера ѝ помогнала во најтешките моменти и дека, токму како и кралицата Викторија чиешто досега најдолго владеење го надмина, секогаш била убедена во стариот принцип „умереност во сѐ“.

Имајќи го предвид нарушеното здравје на 96-годишниот принц Филип, сѐ повеќе настани последните години мораше да ги одработува самата. Кралската двојка минатата 2017 година ја прослави 70-годишнината од бракот. „Кога бев девојченце ‘платинестото’ како симбол за годишнината воопшто не постоеше. Никој ние очекуваше дека толку долго ќе траеме“, се пошегува неодамна кралицата Елизабета.

Во своите 92 години кралицата Елизабета Втора и натаму продолжува со активниот општествен живот, исполнувајќи ги сите задачи на монархот. Во текот на долгите години владеење, кралицата само неколкупати го откажа своето учество на јавни настани.

 

Најдолговечниот британски владетел

На 9-ти септември 2015 година кралицата Елизабета Втора го надмина периодот од 63 години и 216 денови кои на престолот ги мина нејзината прабаба, кралицата Викторија, којашто владеела во периодот меѓу 1837 и 1901 година, и тоа попладнето по средноевропско време. Точниот момент и час не можеа да се прецизираат, бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, починал во сон и не се знае точно кога.

Владетелката овој рекорд го прослави без помпа. Престојуваше во Шкотска, нејзиното вообичаено летно одморалиште.  Таквиот пристап, кој го карактеризира самоконтролата и чувството за должност, е вообичаен за стилот на владеењето на Елизабета, кој го наследила од својот татко, како и од дедо ѝ кралот Џорџ Петти, велат коментаторите во Британија.

Според историчарот Дејвид Старки, кралицата „постави рекорд во беспрекорниот интегритет и извонредно е почитувана“. Ендргју Гимсон, кој пред три години ја објави историјата на британските монарси од 1006 година досега, вели дека е „невообичаено некој да биде крунисан толку млад и толку долго да живее“. Обично „кралот или кралицата не се крунисуваат толку млади, или доколку и се, исто така, умираат млади“. Според него, на владеењето на Елизабета Втора „ќе се гледа како на неверојатен потфат, бидејќи успеа да остане цврсто на престолот во периодот одбележан со толку големи општествени и економски промени“.

Кралицата Елизабета Втора на 12-ти мај 2011 година стана вториот монарх според должината на престојот на престолот на Велика Британија, веднаш зад легендарната кралица Викторија. Историчарите на британскиот дворец на споменатиот датум на престолот била 59 години и 95 дена, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ Трети, кој владеел од 1760 до 1820 година.

Историчарите прават и споредби меѓу двете најдолговечни кралици. Така се наведува дека Викторија управувала со 70 земји, и никога не ја напуштила Европа, додека Елизабета во моментов е монарх на само 16 земји, но престојувала во 116 земји во светот во 265 официјални посети, што ја прави британски монарх кој најмногу патувал во историјата на кралството. Притоа , се забележува дека таа не поседува пасош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.