Кралицата на Велика Британија со нов портрет

Кралицата Елизабета Втора изгледа неверојатно и луксузно на новиот кралски портрет.

Матријархот на Велика Британија, на свои 92 години, сепак изгледа исклучително кралски во својата кадифено зелена церемонијална облека. Кралицата, за најновиот портрет носи јака од „Редот на Трнливите“ со брош на апостолот Сент Ендру, кој се смета за највисок ранг на витештво во Шкотска.

Портретот, кој е инаку дело на британската уметница Ники Филипс, ќе биде поставено во кралската трпезарија во Холирод Хаус во Единбург, Шкотска.

Филипс исто така ги изработи и портретите на внуците на Кралицата Елизабета Втора, принцевите Вилијам и Хари.

Портретот е дефинитивно последната најдраматична новина излезена од ројалната фамилија во последниве неколку недели.