Спорт

„Кралот“ без изгубена топка и 35 поени против Торонто

„Кралот“ без изгубена топка и 35 поени  против Торонто

Феноменални партии на Леброн Џејмс и Двајт Хауард ја одбележаа изминатава ноќ во НБА лигата.

„Кралот“ Џејмс го преводеше Кливленд, кој настапи без речиси половина тим, до победа против Торонто, кој е лидер на Истокот. Торонто имаше предност од 64-79 на полувреме, а предноста од +15 ја одржуваше и до средината на третата четвртина, но потоа Кливленд на крилата на Џејмс почна да се враќа во игра.

Тој постигна 15 поени во последната четвртина, а на 27 секунди до крајот имаше и клучна асистанција до Кевин Лав, кој од аголот погоди тројка и практично го реши победникот.
Леброн Џејмс мечот го заврши со 35 поени, 17 асистенции, 7 скокови и ниту една загубена топка. Така стана првиот кошаркар кој забележал најмалку 35 поени, 17 асистенции и ниту една загубена топка откако НБА почна да води статистика за загубени топки во сезоната 1977/78.

Центарот Двајт Хауард потсети на најдобрите денови, откако заврши со 32 поени и 30 скока во победата на Шарлот над Бруклин со 111:105. Така тој стана еден од ретките играчи со двоен улинок од по 30 поени и скокови, откако пред него слични бројки имаа само легенди меѓу кои Бил Расел, Вилт Чембрлен, Елџин Бејлор, Карим-Абдул Џабар и Моузес Мелоун, а за последен пат, тоа го направи Кевин Лав во 2010 година.

-На одморот почувствував дека нешто не е во ред и не носев доволно енергија на тимот. Добив сепак поддршка од пријателите и тоа ме разбуди-изјави Хауард, чиј тим израмни заостанување од 23 поени во третата четвртина и победи.

Сепак, со биланс 31-41, „стршлените“ немаат шанса за плејофот.