Кралот на Тајланд во самоизолација со 20 конкубини

Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн се самоизолира од вирусот корона заедно со своите 20 конкубини во еден од најлуксузните хотели во монденскиот скијачки центар Гармиш Партенкирхен во Германија.

Кралот, инаку, познат и како Рама Икс, со себе покрај конкубините земал и бројна послуга.

Наводно го закупил целиот Гранд Хотел Зоненбихл, хотел со четири ѕвезди, во Баварија со дозвола од советот на локалната област, пишува германскиот таблоид Билд.

Не е познато дали четвртата сопруга на Рама Икс престојува со него во хотелот, меѓутоа, 119 членови на кралската придружба биле вратени назад во Тајланд поради загриженост дека биле изложени на Ковид-19.

Тамошните пансиони и хотели се затоврени поради вирусот корона, ама хотелот во кој се изолирал 64-годишниот тајландски крал е исклучок од правилата.

Портпаролот на локалниот окружен совет изјави дека тоа го дозволиле бидејќи сите гости се од иста група на луѓе.

Кралот Султан Абудла Султан Ахмен Шах и неговата сопруга Тунку Азиза Амина Маимуна Искандариа имаа негативни резултати на тестовите за вирусот корона, ама ќе останат во 14-дневна самоизолација подалеку од засилените карантински мерки во палатата.

Во меѓувреме, Тајланд се бори со пандемијата на Ковид-19 знаејќи дека нивниот крал е на одмор.

Граѓаните протестираа против тоа преку интернет и медиумите, кршејќи ги притоа строгите закони кои им забрануваат да го критикуваат кралот.

Хаштагот „Зошто не ни е потребен крал“ е споделен дури 1,2 милион пати на Твитер, а бил поставен од активист кој се наоѓа во егзил во Франција.

Кралот Рама Икс не е виде во јавноста во Тајланд уште од февруари. Познат е по тоа што често не е во својата земја, а најчесто го минува времето во Германија со љубовницата. Познат е и по тоа што има многу жени, како и по бурните разводи.

Тајланд досега забележа повеќе од 1,385 случаи на заразени со виросот корона, а седум лица починаа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.