Кралската гарда на Бахреин прва во 2020-та се искачи на хималајски врв

22

Триенаесет алпинисти од кралската гарда на Бахреин се исјачи на врвот Манаслу, станувајќи прва група која во 2020 година се искачи на оваа планина во Непал висока 8.000 метри, објавија

Целата експедиција со шерпасите во четвртокот утрото се искачила на 8.163 метри високиот врв, осмиот највисок во светот, изјави Мира Ачарја од непалското министерство за туризам

Екпедицијата ја организирала Кралската гарда на Бахреин, а еден нејзин член бил припадник на кралското семејство, соопшти бахреинската амбасада во Непал. Истиот тим планира следната година искачување на Монт Еверест. Истиот тим на 3-ти октомври, се искачил на врвот Лобуче, висок 6.619 метри, во регионот на Хималаите.

„Тимот во чиј состав беше принцот на Бахреин, Шеик Мохамед Хамад Мохамед Ал Калифа, се искачи на овие две планини како дел од подготовките за искачување на Комолангма во пролетта 2021 година“, изјавил Пасанг Фурба Шерпа, извршен директор на „Seven Summit Treks“, која ја организираше оваа експедиција и додал дека ова искачување „му пренесе на светот порака дека постои можност да се искачи на непалските планини дури и за време на пандемијата на коронавирусот“.

Ова е првата странска експедиција на Хималаите откако Непал во март ги забрани искачувањата за да се запре ширењето на коронавирусот, поради големиот број странски еспедиции кои годишно се пријавуваат за освојување на врвовите на највисокиот светски масив.

Непал, каде што се наоѓаат осум од 14-те највисоки врвови во светот, во јули повторно ги отвори планините, но за Манасли и другите помалуи врвови стасале само четири пријави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.