Кралскиот клуб ќе бара тренер – во игра Јоаким Лев

Германскиот селектор Јоаким Лев е многу веројатно да застане на чело на Реал Мадрид. Ваквата опција ја наговести пензионираниот фудбалер Бернд Шустер, кој своевремено беше дел од кралскиот клуб.

Тој спомена за средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, на која Шпанецот му дал повод да смета дека следниот тренер кој ќе биде ангажиран да го предводи клубот е токму Јоаким Лев.

На еден настан разговарав со претседателот Флорентино Перез и го споменав Лев. Тој ме погледна многу чудно, очигледно го изненадив со нешто. За мене нема да биде изненадување ако Реал Мадрид се обиде да привлече Јоаким Лев во текот на летото, изјави Бернд Шустер за Die Welt.

Тренерот на германската репрезентација неодамна истакна дека е заинтересиран за клупски ангажман. Пред неколку недели тој дури спомена дека можеби неговите најдобри денови со селекцијата на Германија веќе поминале.