Кралството Тонга ја призна независноста на Косово

Тихоокеанското кралството Тонга ја призна независноста на Косово, пренесе „РИА Новости“, повикувајќи се на соопштение на косовскиот премиер Хашим Тачи што го објавил на својот официјлен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Ме информира дека Тонга ја призна независноста на Република Косово. Ова е 105 земја која го признава Косово за независна држава и првата за оваа година“, напишал Тачи.

Албанските власти со поддршка на САД и голем број земји од Европската унија го прогласија Косово за независна држава на 17 февруари 2008 година.

Меѓународниот суд на Обединетите Нации во Хаг, во јули 2010 година излезе со консултативен заклучок, во кое се вели дека декларацијата за независност на Косово не е во спротивност со нормите на меѓународното право . Одлуката на судот нема обврзувачки карактер . Од тој момент натаму над 30 држави ја признаа независноста на Косово.