Крамп-Каранбауер на 24 февруари ќе го предложи својот наследник

Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каранбауер својот наследник ќе го предложи на 24 февруари, изјави премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер.

Тој додаде дека тоа ќе биде специфичен предлог, но не наведе повеќе детали.

Крамп-Каранбауер на почетокот од неделата објави дека се повлекува од местото претседателка на ЦДУ откако нејзината партија изгуби во Турингија од десничарската Алтернатива за Германија (АфД).