Красниќи и Сејдиу на слобода, СДСМ се подготвува за избори

Забележливо е деновите дека осуденици за тешки кривични дела се најдоа на слобода, а она што е интригатно во овие случаи на ослободувањето на Агим Красниќи од затвор а на слобода е пуштен Бајруш Сејдиу што сето тоа, како и ветената амнестија на затворските казни од страна на премиерот Зоран Заев, се случува во пресрет на кампањата за локалните избори кои ќе се одржат на 15-ти октомври.

Во понеделникот попладнето од затворот во Штип, во Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор осуден поради перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување и други тешки криични дела. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до 4-ти октомври, а како што официјално е наведено „од медицински причини“.

Бајруш Сејдиу, инаку, беше осуден на казна затвор во трањење од 12 години. Тој важеше за непркосновен „газда“ на Куманово, со своето големо семејство влијателен меѓу албанското население и со врски со одредено македонски политички моќници. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.

Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, но тој не се врати назад во затворот.

Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје од 2004 година во пресрет на највениот референдум за новата територијална поделба на земјата договорен меѓу тогашната коалиција меѓу СДСМ и ДУИ кога заедно со од Косово изнајмениот Лирим Јакупи ткн командант Нацист, се закануваа со војна во обидот да се одвратата граѓаните од отфрлање на територијалнат поделба со којашто Кичево и Струга станаа мнозински албански општини. Тој во своето село Кондово на 8 септември, а неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои пишуваше „Добредојде команданту”.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку педест години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен по неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.