Краставица нокаут за Заев и медиумите на СДСМ

106

Деновиве сме сведоци на еден од најголемите скандали во дваестгодишната демократска историја на Македонија. Како и во повеќето скандали, главна улога се знае СДСМ и неговите новинари и медиуми.

Се’ започна со запленетиот камион со затруени краставици. Го фатија Хрватите. За нас тие се првата граница кон ЕУ. Страшна, многу страшна работа. ЕУ не’ фати во измама. Ја фати Македонија. Фирмите, производители и извозници се од Македонија. Проопозициските медиуми веднаш реагираа. Немилосрдно плукаа против власта во земјава, маваа со дрвја и со камења. Поточно, ја труеја јавноста со пропаганда. Можеби така им наредиле од штабот на Павел Шатев, а можеби тоа го направија и самоиницијативно. Да се плука само против власта, а со тоа веќе и по навика и против својата земја.

Но, излезе дека се залетаа како вол во слама.

Надлежните молчеа и трпеа. Целта им беше прво целосно да ја испитаат работата од А до Ш, кој е производител, кој прекупец, а кој извозник во случајот. Значи точно да се знае се’. А тоа, пак не оди преку ноќ. Потребни се ден, два можеби и цела недела за да се прецизира случајот комплетно. И се прецизира. Точно се утврди се’.

Нетпрес успеа преку свои извори да дојде до најважните податоци. Кој тоа труе народ и зошто? Кој се осмелува да не’ брука како држава и за колку? Одговорот запрепастувачки и шокантен. Првите роднини на Зоран Заев, оној што труби како расипана плоча, без идеи, без визија, без конкретни решенија…едноставно кажано човекот кој е книга со бели и празни страници. Оној Зоран Заев, кој од петни жили се обидува на секаков, само не на демократски начин, да ја зграби власти. Првиот човек на опозицискиот блок во Македонија. Поточно, фирмите на неговите роднини, испреплеткани како свински црева. Истите тие кои победуваат на сите тендери во општина Струмица, и кои ако дојде СДСМ на власт ќе победуваат и на сите тендери во државава.

Тие се осмелиле да го направат тоа. Какви ли само луѓе се тоа. Гниди. Трујат за мали бизнис интереси. За ситна пара. Оној што е фокусиран во бизнисот да измами друг за ситна пара е ништо повеќе од една обична ситна душа. Ништо повеќе од џган. Во фактурите на фирмата „Тргопродукт“, за краставиците затруени со пестициди, стои сума од точно 1.042.120,00 денари плус  5 отсто ДДВ. Пресметано во евра тоа е точно 16.945 евра. Да му е страв на човека да помисли што би сториле за повеќе пари. Сигурно без никаков проблем овие луѓе би саделе краставици во Фукушима и потоа би ги продавале со декларации Made in Macedonia.

Помислиле ли тие гниди што ако тој зеленчук завршел во менза во некоја детска градинка, болница, училиште…??? Зошто не им ги дале на своите деца прво да ги дегустираат, а потоа да ги испратат за Хрватска.

Епа изречените казни и забрани за дејност им се навистина мали.

Од друга страна, пак, откако се обелодени ова злкосторство на кланот Заеви, нивните сдсмовски медиуми одеднаш замолкнаа. Оваа тема исчезна од нивната агенда на настани. Повеќе не е атрактивна за македонската јавност. Или сфатија дека нивните наредбодавци ги возат како малоумници, или пак повторно слепо се држат до наредба да се игнорира овој мегаскандал кој несомнено го нокаутираше нивниот лидер.

Зошто сега не трубат дека им е загрозена слободата на изразување. Или можеби власта им прави притисок да не објавуваат за мегаскандалот со отровните краставици, не давајќи им информации од надлежните институции?

Следниот пат кога ќе се прават паметни во однос на слободата на медиумите нека се потсетат на оваа афера на нивниот љубимец Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.