Ограбена црква во тетовско

Околу 2.000 денари штета била нанесена на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Радиовце по кражбата што била извршена ноќта помеѓу понеделник и вторник информираа од СВР Тетово.

Кражбата била пријавена во полиција вчера од страна на Ч.П. (62) од Радиовце, по што екипи на полицијата извршиле увид во црквата. Според нивните податоци засега непознатите сторители насилно ја отвориле дрвената влезна врата по што од иконите во црквата одзеле околу 2.000 денари во разни апоени и го напуштиле местото.

Полицијата работи на утврдување на нивниот идентитет и расчистување на кражбата.