Кражба на дрва во Берово

ПС Берово поднесе кривична пријава против И.Б.(23) од с.Русиново и М.М.(18) од Штип, за сторено кривично дело „кражба“. На 26.08.2014 година, при акциска контрола на м.в. „Робан“ атар на с.Русиново затекнати се пријавените со трактор со приколка во која имало натоварено борови трупци со 3,71 метри кубни, нежигосани без потребна документација.

Од извршениот увид е констатирано дека дрвата потекнуваат од државно земиште, со што ја оштетиле ЈП „Македонски Шуми„ за 14.024 денари.