Кражби на накит во тетовски тешки илјадници денари

Накит украден од домовите на двајца тетовци.

Во текот на вчерашниот ден извршени се две тешки кражби, информираат од тетовската полиција.

Првата каржба се случила во домот на 48-годишниот Р.Ш. на улицата Браќа Миладиновци. Арамиите помеѓу 18 и 22 часот насилно ја отвориле влезната метална врата и целосно ја пребарале внатрешноста на станот, одзеле 15 парчиња златен накит, четири златни алки и 11 стари златници, и избегале со плен од речиси 300 илјади денари.

Втората кражба се случила во периодот помеѓу 19 и 21 часот во куќата на 48-годишниот Б.К. на улицата  Иво Лола Рибар. И тука насилно била отворена влезната врата по што засега непознатите сторители, од спална на вториот кат од пластична кутија одзеле 16 парчиња разновиден златен накит, синџири, прстени, приврзоци и лири со вкупна вредност, според сопственикот, од околу 95 илјади денари.

Полицијата на двете места извршила увид и се трага по сторителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.