Вистината е дека дури и најкреативната реклама против пушењето не може да ве натера да престанете да пушите откако ќе ја видите. Едноставно работите така не функционираат.

Кога пушач наидува на било која реклама против пушењето, често реакцијата е: Да, можеби е интересно, но тоа нема да ме натера да се откажам – тоа е губење време и пари.

Се разбира, една единствена реклама нема да го смени вашиот ум во секунда, сепак тоа создава свест дека пушењето е лошо нешто, и кога пораката се повторува одново и одново – таа го наоѓа своето место некаде длабоко во вашиот несвесен ум.

Потребно е време, но еден ден може да успеете. Тоа ќе ви изгледа како да ви светнала нова идеја од стилот „пушењето е навистина глупаво нешто, јас ќе престанам“. А она што може да изгледа како сопствена идеја, можно е да биде огромна работа на оние креативни реклами со анти-пушачка содржина кои ги користат насекаде.

Погледнете дел од нашиот избор на фотографии. Иако е употребена доза на сарказам, сепак пораката е повеќе од јасна…

Димот

Тероризам

Бели дробови

Гробишта

Лош здив

Пушењето го оштетува видот

Пушка

Болнички кревет