Кредитите за домаќинставата зголемени за 7,6 отсто, раст кај станбените кредити

Кредитите на домаќинствата во септември се зголемени за 0,7% на месечно ниво. Во споредба со истиот месец претходната година, кредитите на домаќинствата се повисоки за 7,6%, како резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со малку поизразен придонес на кредитите во денари, покажуваат податоците на Народната банка.

Во септември, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,8% и 0,9%, соодветно, при годишен раст од 6,7% и 12,9%, соодветно.

Според ревидираните податоци, кај автомобилските кредити е остварен месечен пад од 0,5%, при годишен раст од 0,8%.

Кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен пад за 0,1%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 2,0% на месечна основа, а се непроменети на годишна основа. Кредитите одобрени врз други основи се пониски за 1,2% на месечно ниво и 17,1% на годишно ниво.са

Кредитите на корпоративниот сектор, остварија месечен раст од 1,1%, а годишен од 12,6%. Нагорната промена по двете основи се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со малку поголем придонес на кредитите во странска валута.