Кремљ ја отфрли наредбата на судот на ОН за прекин на офанзивата во Украина

Кремљ во чевртокот ја отфрли одлуката на Меѓународниот суд на правдата (ICJ)м, највисокиот суд на Обединетите нации, кој на Русија ѝ нареди веднаш да ги запре воените операции во Украина.

„Таа одлука не можеме да ја земеме предвид.. Во овој случај нема никава согласност“, рече портпарокот на Кремљ, Дмитриј Песков истакнувајќи дека и двете страни, во случајов и Русија и Украина, мора да се согласата на одлуката за таа потоа да е спроведе на дело.

Постапката пред ICJ ја иницираше Украина на 26-ти февраури, два дена по почетокот на руската офанзива, барајќи од судот да ѝ нареди на Русија да ја запре инвазијата.

Киев во средата ја поздравија одликата на судот како „победа на правдата и победа на Украина“.

Рисија ги бојкотираше рочиштата на 7-ми и 8-ми март, но во писмен документ ја отфрли надлежноста на судот. Во тој документ, исто така, тврди дека офанзивата ја спроведува со цел на самоодбрана.

Меѓународниот суд на правдата е основан во 1946 година за решавање на споровите меѓу државите. Неговите одлуку се обврзувачки и на нив не може да се поднесува жалба, но судот нема може да присилува да бидат почитувани.