Кремљ гледа простор за продолжување на дијалогот со САД, но без многу оптимизам

Кремљ во четвртокот објави дека има простор за продолжување на дијалогот со САД, но истакна дека е сосема јасно дека Вашингтон во писмениот одговор на Москва не ги уважил главните безбедносни барања на Русија.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, за новинарите акредитирани во Кремљ на редовниот брифинг рекол дека Москва нема да брза со носењето заклучоци откако САД во средата официјално одговориле на руските предлози за измени на постстуденовоените безбедносни аранмжани во Европа.

Споредувајќи ги тензиите на континентот со периодот на идеолошката блоковска Студена војна од почетокот на втората половина на минатиот век, Песков рекол дека на Москва ќе ѝ биде потребно извесно време да ги разгледа и проучи американските одговори.

Додал дека во интерес и на Москва и на Вашингтон е продолжување на дијалогот, но истакна дека забелешките на САД и НАТО за неприфатливост на главните руски барања за нешерење кон руските граници, повлекување на странските сили и бази од земјите кои порано беа во Варшавскиот пакт и до 1997 година не биле во НАТО, како и непримањето во членство на Украина и Грузија, не оставаат многу простор за оптимизам.

„Врз основа на она што вчера го рекоа нашите колеги, целосно е јасно дека по прашањата на главните теми наведени во нацрт-докуменот … не можеме да кажеме дека нашите мислења се земени предвид или дека е искажана подготвеност да биде земена предвид нашата загриженост. Но нема да избрзуваме со заклучоците“, рекол Песков.

Одвоено рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека постојат надежи да биде започнат сериозен дијалог, но само за споредните прашања а не за основните. Претседателот Владимир Путин ќе донесе решение за следните чекори на Русија имајќи ги предвид писмените одговори на САД и НАТО врачени во средата, рече Лавров.

Во четвртокот, исто така, се огласи и високиот безбедносен функционер и поранешен руски претседател и премиер Дмитриј Медведев, според кој Русија и САД треба дипломатски да ја разрешат украинска криза, наместо јакнењето тензии за собирање политички поени, во прв ред алудирајќи на изборите годинава за американскиот Конгрес на коишто веројатно е дека демократите на претседателот Џо Бајден може да ги загубат мнозинставата во двата дома на парламентот.

Коментарите на Медведев ги објави агенцијата РИА откако САД ги предаде писмените одговори на предлозите на Русија, обвинета од Западот дека наводно подготува инвазија врз соседна Украина, за постигнување правно обврзувачи договор кој ќе ја гарантира стабилноста и мирот во Европа.

„Очигледно е дека всушност најважниот и единствениот пат за постигнување договор за безбедносните гаранции, е преку политичко-дипломатските средства, преговорите, користењето на принциопот за неделивост на безбедноста…“, вели Медведе.

Додава дека потенцијалниот конфликт меѓу Русија и САД околу Украина би бил „катастрофично сценарио“ и изразува струвања дека „вжештените глави“ во САД и во НАТО воопшто го замислуваат таквото сценарио.

„Сметам дека тоа никогаш нема да се случи… Втората работе е што има многу луѓе коишто на тоа заработуваат, шпекулираат. Некои луѓе тоа го прават од незнаење, други затоа што водат одредена политичка агенда“, вели Медведев.

Неговите коментари влегуваат во образецот на помеката поодбранбена реторика од Москва, која следи по седмицата остри поагресивни изјави на тамошните високи функционери. Медевед укажува на „најстариот американски сенатор“ за кого вели дека јавно ја разгледувал можноста од ограничен нуклеарен руско-американски судир, но не го именува тој сенатор.

Дмитриј Медведев во моментов е заменик на претседателот на рускиот Совет за безбедност. Тој е близок политички партиски соработник на претседателот Владимир Путин, а и самиот беше претседател на Руската Федерација од 2008 до 2012 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.