Кремљ го обвини Западот дека предизвикува ескалација на тензиите со својата „хистерија“

Најавите на НАТО за зголемување на контингентите и концентрација сили и оружје на источното крило и евакуацијата на семејствата на дипломатите од Украина ги зголемуваат безбедносните тензии, изјави во понеделникот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Кога станува збор за конкретни дејствија, ги гледаме изјавите кои го објави Северноатлантската алијанса за зголемување на контингентите и концентрирање сили и средства на источното крило. Сето тоа води за раст на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ на брифингот со новинарите акредитирани во Москва.

НАТО претходно во понеделникот објави дека го ставиле своите војски во состојба на готовност и дека во источна Европа ќе испратат дополнителни борбени бродови авиони како одговор на наводното групирање на руски единици на украинската граница.

„Сакам да истакнам дека сево ова не се случува поради она што Русија го прави. Сето тоа произлегува од тоа што го прават НАТО, САД, и поради информациите кои ги шират“, истакна Песков.

Портпаролот на Кремљ рече дека можноста воениот судир во источна Украина да го иницира украинската страна е поголема од кога и да е. Песков повтори дека Украина респоредила голем број војници во близина на линијата на раздвојувањето со одметнатите доминантно руски региони, што во Москва се оценува како подготовка за воено решение на украинскиот конфликт.

Според Песков, за растот на тензиите во безбедносната сфера придонесува и „информативната хистерија“ којашто САД и нивните сојузници во НАТО ја продуцирале во медиумите.

„Генерално, констатираме и сакаме да свртиме внимание на фактот дека ескалацијата на танзиите се врши преку информативните активности и конкретните дејствија кои ги преземаат САД и НАТО. Кога сме кај информативната сфера, ја имам предвид информациската хистерија на којашто сведочиме. Таа е врамена со огрмно количество лажни вести, едноставно лаги“, истакна портпаролот на Кремљ.

Песков особено ги истакна неодамнешните информации дека Москва наводно планира евакуација на својата амабсада од Киев како подготовка за напад, британските извештани за наводно „инсталирање проруска“ влада на Украина….

Песков предупреди дека активностите на НАТО во близина на руските граници не може да биде игнорирано од руските сили.

„Таквите дејствија и зголемената активност на НАТО во близина на нашите гранции не можат да биде игнорирани од нашите вооружени сили кои се одговорни за безбедноста на нашата земја“, посочи портпаролот на Кремљ.