Кремљ: Испораката на тенкови Леопард во Киев ќе влијае на руско-германските односи

Испораките на тенкови „Леопард“ во Украина не се добри за руско-германските односи и неизбежно ќе влијаат на нивниот иден развој, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Таквите пратки не ветуваат добро за иднината на руско-германските односи. Тие, несомнено, ќе остават и неизбежен белег за иднината на овие односи“, рече портпаролот, одговарајќи на прашање за тоа како ќе бидат руско-германските односи, доколку Берлин ја одобри испораката на тенкови Леопард во Киев.

Според Песков, руско-германските односи се „веќе на прилично ниска точка“.

Претходно во вторникот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин изјави дека Германија наскоро ќе донесе одлука за Леопардите.

На 20 јануари во воздухопловната база Рамштајн во Германија се одржа уште еден состанок на министрите за одбрана на околу 50 земји, по што Писториус рече дека учесниците сè уште не донеле одлука за испорака на тенкови Леопард 2 во Украина. Според полскиот премиер Матеуш Моравјецки, Варшава ќе создаде посебна коалиција на земји, подготвени да испраќаат тенкови во Украина, доколку Германија не се согласи на тоа. Според премиерот, Полска веќе донела одлука да испрати околу 14 вакви тенкови во Украина и ќе дејствува независно, без оглед на позицијата на Берлин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.