Кремљ изнесе детали од разговорот меѓу Путин и Трамп

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави во вторникот дека синоќешниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот челник Владимир Путин односно Доналд Трамп, бил „многу содржателен и долг“.

„Се одржа навистина многу детална размена на информации за мерките коишто ги преземаат нашите држави во рамките во борбата со коронавирусот“, истакнал портпаролот на Кремљ, пренесува агенцијата РИА.

Песков притоа ја коментирал изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за руската медицинска помош на САД и потврдил дека двајцата лидари разговарале и на оваа тема. Според него, двајцата челници ја истакнале важноста од меѓународната соработка во услови на пандемијата на коронавирусот.

Темата е во контекстот на претходната изјава на Трамп, за тоа дека Русија во Америка испратила „голем авион со медицински материјали“ и дека истото го сторила и Кина.

 

Цените на нафтата не им одговараат на Русија и САД

Путин и Трамп во текот на разговорот постигнале согласност дека актуелната ситуација на глобалниот нафтен пазар не е во интересот на двете земји, додал Песков, но одбил да коментира дали Москва и Вашингтон ќе преземат заеднички активности во сегашната состојба.

„Се разбира, има разбирање дека сегашната ценовна состојба не е во интерес на нашите две земји“, рекол гласноговорникот на Кремљ.

Песков не кажал кога ќе започнат консултациите меѓу министрите за енергетика на Русија и САД за состојбата на пазарот на нафтата. „Постигната се согласност претседателот да препорачаат започнување на консултациите“, додал неможејќи да одговори дали се можни на консултации мешу Русија и САД со Саудиска Арабија за оваа тема.

Цените на нафтата се на исклучително ниско ниво, на најниското во последните речиси две децении, поради ценовната војна меѓу Саудиска Арабија и Русија, околу несогласувањата меѓу двете земји околку испораките на пазарите. Цените на нафтата се толку ниско што на многу нафтени компании не им се исплаќа да работат во моментов, а произведувачите со повисоки трошоци ќе бидат принудени да го запрат производството, особено што складиштата се речиси исполнети.