Кремљ: На самитот на „Нормандиската четворка” немаше победници и поразени

Неумесно е да се зборува кој бил победник на самитот на „Нормандиската четворка” (Русија, Германија, Франција и Украина), бидејќи нејзините учесници имаа една цел – обновување на реалните напори за регулирање на конфликтот во југоисточна Украина.

Ова е ставот на портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков по повод написот во „Комерсант”, според кој германската канцеларка, Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин го нарекла „победник”.

Според Песков, важното од оваа средба е тоа што се оддржа по пауза од три години и беше одлучено да се преземат конкретни мерки за надминување на спорните прашања.