Кремљ не исклучува провокации за оправдување на „хистеријата“ во САД во врска со Украина

Во Кремљ не ја исклучуваат можноста од обиди за провокации со коишто ќе се најде оправдување за „хистеричните“ изјави од Западот за наводно постоечка закана од руска инвазија во Украина, рече во неделата портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, ден откако САД изразија „загриженост“ поради наводните „постапки и изјави“ од Москва во однос на ситуацијата во соседната земја.

„Оваа создадена хистерија вештачки се поттикнува. Оние кои ги доведоа своите вооружени сили од другата страна на Атлантикот, потпочно САД, нѐ обвинуваат дека спроведуваме невообичаени воени активности на нашата територија. Тоа е апсолутно неголочно, ниту пристојно“, рече првиот портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков во програма на руската телевизија.

„Тоа не може да се исклучи“, рече Песков во програмата „Москва. Кремљ. Путин“ на телевизијата Россия-1, одговарајќи на прашањето на водителот кој ја коментираше претпоставката дека изјавите оти наводно Русија се подготвува да ја нападен Украина го тера да размислува за можна провокација.

Песков додаде дека обидите за насилно решавње на кризата во југоисточна Украина ќе имаат најсериозни последици.

„Украина, судејќи според сѐ, навјеројатно бара нов обид да започне воено решавање на сопствениот проблем. Да создаде уште една катастрофа за себеси и за сите во Европа“, рече Песков одговарајќи на прашањето што Украина добива со изјавите за последици за Русија во случај на нејзина инвазија.

Песков оцени дека Украина „тоа го постигнува, најверојатно, под закрилата токму на воените вежби на НАТО, бродовите на НАТО во Црното Море, присуството на американските и британски војници во регионот коишто ги има сѐ повеќе“.

„Тоа е она кон што се стреми Украина. И тоа, се разбира, е срцепарален спектакл. Затоа што ќе повлече зад себе најсериозни последици“, убеден е портпаролот на Кремљ.

Песков ги повика „Соединетите држави и нивните сојузници“ да престанат да ги зголемуваат своите единици во близина на руските граници. „НАТО треба да ги прекинат своите провоцирачки активности во близината на нашите граници“, порача портпаролот на Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го предупреди Западот дека ги разгорува тензиите на источните граници на Украина и во Црното Море. Потсети дека американските и британските стратешки бомбардери се приближија на 20 километри од Русија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата изјави дека САД се „многу загрижени поради невообичаените руски воени активности на границата со Украина“.

„Навистина сем загрижени поради неки реторики кои ги слушнавме во Русија и ги видовме на социјалните мрежи“, изјави Блинкен на прес-конференцијата во Дакар без да даде конкретни примери, но додавајќо дека таа загриженост ја споделуваат главно и американските сојузници.