Кремљ објави дека Украина ги одбила преговорите, поради што по запирањето Русија ќе ја продожи офанзивата

Руските сили во саботата започнале да напредуваат по длабочината на Украна откако претседателот Владимир Путин во петокот објави запирање на офанзивата очекувајќи го одоговорот за преговори со украинскиот претседател Владимир Зеленск кој не се случи, објави Крмљ.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, ја обвини Украина дека е одговорна затоа што не се случија преговорите, бидејќи ги одбила.

„Вчера (петокот) во текот на денот, очекувајќи ги преговорите, рускиот претседател нареди запирање на напредувањето на повеќето (руски) единици. Имајќи предвид дека украинската страна ги одби преговорите, денеска продолжи напредувањето на руските сили“, рече Песков.

За новинарите гласноговорникот на Кремљ рече и дека Русија ги очекувала западните санкции како одговор на нејзината воеан операција во Украина, како и дека се преземаат мерките за да се намали на најмала можна мерка нивното влијание врз економијата. А потоа ќе одговори со „соодветени мерки“, додаде Песков.

Москва во петокот објави дека му предложила на Киев преговори во белоруската престолнина Минск, каде што веќе во 2014-та и 2015-та година со посредство на Франција и Германија беа постигнати мировни договори меѓу Украина и нејзините одметнати проруски региони на истокот од земјата.

Одбивањето на преговорите од страна на Зеленски, очигледно е донесена под влијание на Вашингтон од каде соопштија дека „руската понуда не може да се смета за веродостојна“.