Кремљ оцени дека украинскиот саботерски упад кај Брјанск е „тероризам“

Упадот на украинската диверзантска група во рускиот регион Брјанск и земањето заложници е пример на тероризам, оцени во четвртокот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Песов на редовниот дневен брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ рече дека настаните во Брјанск се „терористички напад“ и додаде дека се преземаат мерки за „уништување на украинските терористи“ кои извеле прекуграничен напад и земале заложници.

„Станува збор за напад од терористи. Во моментов се преземаат мерки за уништување на овие терористи. А на меѓународната сцена како што ѝ го свртувавме, така и продолжуваме ѝ го свртуваме вниманието на светската заедница на терористичките напади кои ги изведуваат тие лица“, рече Песков.

Руските медиуми претходно, повикувајќи се на воени претставници, објавија дека руските безбедносни сили изведуваат операција за ликвидирање на украинска диверзантска група којашто се префрлила во регионот Брјанск кој граничи со Украина.

Советник на украинскиот претседател Володомир Зеленски тврдеше за Reuters дека во Брјанск „станува збор за намерна провокација“ од страна на Русија.

Портпаролот на Кремљ истакна дека сите информации за јавноста ќе доаѓаат од безбедносните органи, а поединостите од инцидентот ќе бидат утврдени со идната истрага.

Додаде дека претседателот Владимир Путин постојано добива извештаи од челникот на разузнавањето ФСБ, од министерот за одбрана, шефот на националната Руска гарда и од гувернерот на областа Брјанск. Засега не е објавено дали Путин ќе свика подоцна во четвртокот итен состанок на рускиот Совет за безбедност.

Според Центарот за односи со јавноста на руската разузнавачка агенција Федерална служба за безбедност (ФСБ), во регионот на Климовск во областа Брјанкс во тек е операција „против вооружени украински националисти кои ја минале државната граница“, во која учествуваат и припадници на руското министерство за одбрана.

Според гувернерот на Брјанск, Алескандр Богомаз, украинска диверзантска група упаднала на територијата на Климовскиот реон. Во селото Љунечане диверзантите пукале врз автомобил, при што е убиен еден локален жител и рането е десетгодишно дете,