Кремљ потврди дека „Газпром“ ја снабдува Европа со гас на максимални ниво, има услови за транзитот низ Украина

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ја снабдува Европа со природен гас на максималните нивоа под постојните договори и за секое зголемување треба да се разговара и да се постигне договор со копманијата, истакнаа во средата од Кремљ.

„Ништо не може да се испорачува надвор од договорите. Како? Бесплатно? Во прашање се рпеговори со Газпром“, изјави за новинарите во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Заменикот на рускиот министер за енергетика, Павел Сорокин, изјави дека Русија не го променила својот распоред за впумпување гас во складиштата до 1-ви ноември, што значи дека ќе очекува нови набавки за допонителни количества гас од Европа.

Европските цени од почетокот на септември постигуваат рекордни нивоа. Според експертите, европскиот пазар на природен гас во првата половина од годината се соочи со одлив на течен природен гас (LNG) на азиско-пацифичкиот и јужноамериканскиот пазар, чиј удел во увозот падна од 41,5 на 31 отсто. Кличински испораките на LNG во Европа во истиот период паднаа за 10,74 милијарди кубни метри или за 15,9 отсто.

Истовремено, ваквата ситуација се должи и на испразнетите европски капацитети за складирање по минатогодишната голема потрошувачка поради студената зима. Од Москва повеќепати со податоци посочија дека „Газпром“ ги исполнува сите обврски во снабдувањето со гас и оти компанијата и покрај тоа што речиси го достигнала рекордните количества на испораките, не може да го впумпа енергенсот во гасоводите пред тој да биде продаден, како и дека за испораките е потребен извесен период.

Песков истовремено потврди дека Русија е подготвена да го зглеми транзитот на гасот низ Украина, доколку Европската унија го зголеми количеството од енергенсот кој ќе го купи, и оти на Киев ќе му предложи конкурентни услови за транзитот.

Според портпаролот на Кремљ главните адресати на Киев за решавање на прешањето за одржувањето на транзитот „се купувачите на гасот во Европа, односно европските компании“.

„Тие може да слклучат нов долгорочен договор со Русија за зголемување на зголемените количества, земајќи го предвид растењето на побарувачката за гас. За да нешто пренесете преку Украина, треба да имате некој што тоа ќе го купи, а тоа се нашите купци во Европа“, рече Песков.

Истакна дека во тој случај Русија ќе ги исполни сите свои транзитни договори.

„Претседателот (Владимир Путин) повеќепати рече дека, доколку продолжат да го купуваат нашиот гас, ги зголемат договороите и доколку Украина им даде на конкурентите комерцијални понуди, сѐ и натаму ќе функционира“, уверува Песков.

Повторно истакна, исто така, дека Русија ги зголемила испораките на гасот во Европа, според постојните договори. „Може да се каже дека Русија беспрекорно ги исполнува сите договорени обрски“, истакна Песков.

Во вторникот украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека за неговата земја во секој случај важно е да го зачува транзитот на рускиот гас во Европа преку нејзината териториј, за да не претрпи финасиски загуби.

Договорот меѓу Русија и Укриана за снабдување и транзитот на гасот е потпишан во 2019 а истекува во 2024 година. Од Киев велат дека сакаат веднаш дда склучат договор за транзитот низ Украина без да се чека 2024-та особено откако Унгарија склучи со „Газпром“ 15-годишен договор за испораки преку два правца кои го заобиколуваат украинскиот транзитен систем, и сметаат дека тоа би била гаранција за продолжување на транзитот.

Украина, којашто ќе загуби милијарди евра од трназитните плаќања поради скорото функционирање на гасоводот Северен тек 2 со кој ќе се удвои испораката за гасот за потрошувачите во Европа и руското настојување да ја заобиколува земјата со којашто минатата деценија водеше „три гасни војни“, повеќепати изјавуваше дека руско-германскиот гасовод Северен тек 2 е закана за нејзината енергетска безбедност. Руската страна повеќепати истакна дека станува комерцијален проект во кој партнери се водечките европски енергетски компании.