Кремљ: Повикот на Зеленски за забрана за патувањa на сите Руси на Западот е ирационaлeн

Повикот на украинскиот претседател Владимир Зеленски за забрана за патување на Западот за сите Руси како дел од стратегијата да се предизвикаат протести против актуелните власти во Москва е ирационален порачаа во вторникот од Кремљ порачувајќи дека Европа мора конечно да реши дали сака да плати за хировите на Зеленски.

Во интервју за американскиот дневен весник The Washington Post, Зеленски ги повика западните челници да престанат да им дозволуваат на Русија да патуваат во нивните земји како казна за рускиот претседател Владимир Путин за испраќање трупи во југоисточна Украина, што Москва го правда со неопходноста да се заштити тамошното руско и рускојазично население поради плановите на Киев по осум години воено да ја заврши граѓанската војна по превратот во 2014 година.

„Ирационалноста во размислувањето во овој случај е неизмерна. На ова може да се гледа само како крајно негативно. Секој обид да се изолираат Русите или Русија е процес кој нема перспектива“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рече дека такви изјави доаѓаат и од земјите кои ѝ воведоа санкции на Русија и кои таа ги препознава како „непријателски“. Песков оцени дека нема шанса Русите да бидат изолирани од остатокот од светот и запраша дали Европа треба да продолжи да го поддржува Зеленски.

„Во нивното непријателство, многу од овие земји зајдуваат во безумие и доаѓаат до такви изјави, коишто ги слушавме буквално пред 80 години од центри во Европа, од неколку европски земји“, додаде Песков.

Сепак, портпаролот на Кремљ изрази надеж дека со текот на времето здравиот разум некако ќе се пројави и оти ќе се вразумат оние кои даваат такви изјави.

„Порано или подоцна Европа ќе почне да се прашува дали Зеленски прави сѐ како што треба и дали треба неговите граѓани да плаќаат за неговите хирови“, заклучи Песков.

The Washington Post го цитираше претходно Зеленски дека би требало Русите „да бидат присилени да живеат во својот свет додека не ја променат својата филозофија“.

„Кој и да е Русин… нека оди во Русија. Тие ќе кажат: ‘Тоа нема никаква врска со нас. Не може цело население да се смета одговорно, зарем не? Може. Населението ја избра оваа влада, не се бори против неа, не се расправаат со неа, не го креваат гласот“, рече Зеленски повторувајќи ги повеќегодишните западни обиди да се предизвика бунт во Русија против претседателот Владимир Путин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.