Кремљ пoзитивно оцени што Бајден е за дијалог, Австрија и Финска се нудат за домаќини на самитот

Кремљ во петокот оцени дека е позитивно тоа што американскиот претседател Џо Бајден сака дијалог, како и рускиот челник Владимир Путин, а Австрија и Фринска изразија подготвеност да бидат домаќини на нивната средба, пренесуваат агенциите.

„Претседателот Путин зборуваше веќе за потребата од нормализација на односите и намалување на тензиите. Тој за тоа зборува конзистентно. Значи, позитивно е што ставовите на двајцата шефови на државите се совпаѓаат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Бајден на почетокот од седмицата во телефонски разговор со Путин повика на средба на неитрален терен, а во четвртокот рече дека е дојден моментот за намалување на тензиите. „Дојден е моментот на деескалација“, рече американскиот претседател.

Во петокот Кремљ остро ги осуди „неприфатливите“ нови американски сакнции за Русија објавени во четвртокот, и најави соодветен одговор на Москва.

Американската администрација покрена во четвртокот нова дипломатска и финансиска офанзива против руски функционери и деловениот сектор, обвинувајќи ја Русија за наводна „низа злодела“, од наводни кибернетички напади до присоединувањето на Крим и наводното мешање во американските претседателски избори во ноември 2020 година на кои победи демократот Бајден.

Вашингтон најави и протерување на десет руски дипломати од САД и санкции за повеќе претрпијатија и поединци во Русија. Санцките се однесуваа и на рускиот суверекн долг со забрана на американските финансиски институции да го откупуваат по 14-ти јуни, но според американските финансиски стручњаци тоа нема да се однесува на секундарниот пазар. Американските санкции се воведени и за шест руски технолошки компании коишто се обвинети за наводна поддршка на кибернетички потези на руските разузнавачи.

Во петокот Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател, го информирал американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, за рускиот одговор на новите антируски санкции од четвртокот.

„Во согласност со донесените одлуки, помошникот на претседателот на Руската Федерација, Јуриј Ушаков, го покани во петокот американскиот амбасадор Славинан и му го изложи одговорот на руската страна на претходно објавени санкции од САД против Русија“, изјави Песаков без да каже за какви мерки на Москва станува збор.

Меѓутоа, Бајден воедно во четвртокот го повтори предлогот за самите со Путин. Идејата за самитот во штурите изјави од Москва се чини е добро примена, а Песков рече дека Путин всушност прецложил подлабок дијалог, мислејќи притоа на повикот од март на директен онлајн разговор.

Финска предложи да биде домаќин на самитот кој го предложи Бајден на „неутрален терен ова лето на европска почва“, објави во петокот кабунетот на претседалот. Оваа нордиска земја, којашто веќе беше домаќин на средбата на врвот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во јули 2018 година, ги известила САД и Русија за своето „расположение да ја организира“ средбата, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто.

Ниинисто, кој го поддржува дијалогот со Москва, „имаше долг разговор“ со Путин во вторникот вечерта во кој е спомената можноста за средбата со Бајден, соопштија од Хелсинки.

Австрија, исто така, изрази подготвеност да биде домаќин на самитот, доколку САД и Русија се согласат со тоа. Виена „секогаш е подготвена да биде домаќин на високо ниво од сите видови. Двете страни знаат дека сме подготвени“, објави австриското министерство за надворешни работи.