Кремљ предупреди дека воената помош од САД може да поттикне непредвидливо однесување на Киев

Кремљ во четвртокот предупреди дека ветената нова воена помош на САД за Украина може да ги поттикне властите во Киев да се однесуаат непредвидливо и опасно во контекстот на конлфиктната ситуација на југоистокот од земјата каде што се одметнати мнозински рускојазичните и руски региони, и изрази жалење поради таканареченот „американско-украинско пријателство“ за кое оценува дека е мотивирано единтвено од спротиставувањето кон Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата во Вашингтон на украинскиот колега по должност Владимир Зеленски дека САД се „цврсто предадени“ на територијалниот интегритет на Украина и дека понудиле 60 милиони долари нова воена помош за земјата. Но , како што забележуваат медиумите, Бајден го премолчел украинското инсистирање за приклучување во НАТО, за што во Киев сметаат дека е клучно во нивното спротиставување со соседна Русија.

По државниот преврат од март 2014 година во Киев и укинувањето на на рускиот јазик како службен на украинската територија и откако прозападните власти назначија свои гувернери наспроти избраните во регионите, владините сили се судираат со сепаратистичките проруски сили во источната област Донбас.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изрази загриженост поради плановите за американска помош во офанзивно оружје, одговрарајќи на новинарски прашања во текот на посетата на Владивосток на крајниот исток на Русија.

„Веруваме дека тоа потенцијално би можело да предизвика непредвидливи постапки од украинската страна во смисла на обиди за решавање на украинскиот конфликт со сила. Тоа е опасно“, рече Песков.

„Поедоставно речено, зборуваме за украинско-американското пријателство против Русија. Односно, тие не се пријатели самите посебе, туку против Русија. Тоа може да биде само причина за жалење“, додаде портпаролот на Кремљ.

Песков го повтори долгогодишното противење на Москва на интенциите на прозападните власти во Киев да се придружи на НАТО, истакнувајќи ги коментарите на Зеленски дадени во текот на престојот во Вашингтон.

Зеленски изјави дека Украина сторила сѐ што е потребно за да заслужи план за членство во НАТО, што Киев го гледа како главно средство за „одвраќање“ на Русија. Од Алијансата во минатото на ваквите инсистирања децидно не даваа одговори, но посочи дека Украина мора да спроведе дополнителни политички реформи пред да стане членка.