Кремљ предупреди на последици за Европа и светот од предавањето оружје на Киев за напад врз Крим

Украински напад врз Крим би бил „многу опасен“ и новите испораки на западно оружје за Киев не се добри во смисла на безбедноста во Европа и светот и може да значи воведување на конфликтот на квалитативно нови ниво, предупреди во четвртокот портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Реакцијата на Кремљ доаѓа откако американскиот дневен весник The New York Times објави дека американските воени и политички функционери се сѐ понаклонети да му помогнат на Киев да го нападен црноморскиот полуостров Крим, кое е историско седиште на руската Црноморска флота, за да ја пресече офанзивата на руските сили на границите на источната област Донбас и сѐ поизвесното добивање позиции од кои е можно напредување кон централна Украина.

Украинските сили веќе изведува напади со беспилотни летала на цели на Крим, а во ланскиот октомври беше изведена и терористичка акција врз Креченскиот (Кримскиот) мост со кој полуостровот е директно поврзан со Русија. Киев не ја презема одговорноста за тој напад, но Москва од тогаш одмазнички ги изведува масивните ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура.

Доминантното руско население на црноморскиот полуостров Крим по прозападниот преврат во Киев во 2014 година со два референдуми и големо мнозинство си ја врати укинатата автономија во 1990-те и одлучи да се врати во составот на Русија од кој е издвоена административно во 1954 година со декретот на тогашниот советски водач Никита Хрушчов, инаку етнички Украинец.

На прашањето дали Вашингтон ќе ѝ забрани на Украина да го употреби американското оружје за напади врз Крим, како што најавуваат од Киев, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс во средата рече дека Крим е дел од Украина и дека САД ѝ испраќаат на Украина оружје коешто му е потребно за одбрана на украинската територија.

 

Опасност за Европа и светот

Песков во четвртокот за новинарите акредитирани во Кремљ одговори на барањето за коментар на изјавата на рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, повтори дека новите најави за испораки на тешко офанзивно современо оружје на Украина за напади на руските териториите не „навестуваат ништо добро“ во однос на колективната безбедност.

„Самото разгледување на Украина да ѝ се дозволи снабдување со оружје со коешто може да ја нападен руската територијата…. е многу опасно. Тоа би значело подигнување на конфликтот на ново ниво, што не би навестувал на добро и за глобалната и за паневропската безбедност“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ потврди за новинарите дека ставот на амбасадорот Антонов го одразува ставот на Москва.

„Се разбира, тоа самото по себе е дискусија за дозволувањето на испораки на оружја на Украина кои ѝ овозможуваат да изведува удари врз руска територија, иако и покрај тоа Украина веќе е снабдена со оружје со коешто постојано напаѓа на руска територија, мислам на новите регионот. Тоа е потенцијално крајно опасно“, рече Песков.

Кремљ, исто така, оцени дека напад врз Крим е во согласност со руската доктрина за употреба на нуклеарно оружје, и оцени дека во согласност со тоа е изјавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев. Имено, според вториот човек на рускиот Совет за национална безбедност, поразот на Русија во Украина, што ден претходно повторно како крајна опција го спомена генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг како и други западни политичари, може да доведе до нуклеарна војна.

 

Западот веќе во петок може да одлучи за ново оружје на Украина

Претходно во четвртокот амбасадорот Антонов возврати на изјавите на западните политичари за најавеното снабдување на Украина со модерни тешки оклопни борбени возила со кои треба да преземе офанзивни операции по напредувањето на руските војски во Донбас, по изјавата на Стејт департнемтот, Нед Прајс за прифатливоста за САД на употребата на американското оружје за напади врз Крим.

Рускиот амбасадор во Вашингтон во изјава предупреди дека руските сили ќе го уништат „секое оружје што Американците и нивните сојузници“ ќе го испратат за Украина. Антонов посочи и дека новите испораки на оружја на Киев само ќе доведе до зголемување на цивилните жртви.

Според американските медиуми, Вашингтон веќе петок може да објави уште еден огромен пакет воена помош за Украина. Се наведува и дека за нови испораки на тешко вооружување за Киев истовремено ќе објават и другите западни земји чиишто претставници ќе се сретнат на состанок по оваа тема во американската воздухопловна база Рамштајн во западна Германија.

Условите на Кремљ

Песков во четвртокот порача дека Украина треба што поскоро да ги прифати руските барања, за што побрзо да престанат борбите и да се запре страдањето на цивилите. Русија ќе ги оствари своите цели „на овој или оној начин“ и на Киев би му било подобро да ги прифати предлозите од Москва и да постигне договор на преговарачката маса, порача портпаролот Песков во контекстот на руското тврдење дека инвазијата е преземена со цел да се заштити од геноцид руското и проруско населени во Украина.

„Колку поскоро украинската власт искаже подготвеност да ги исполни руските барања, кои ќе бидат остварени на кој и да е начин, толку порано сѐ ќе заврши и украинскиот народ ќе може да започне да закрепнува по оваа трагедија, која ја започна режимот во Киев“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, во координација со своите западни поддржувачи, пред повеќе месеци изнесе мировен план од десет точки, кој меѓу другото предвидува повлекување на Русија од сите украински територии до границите од пред 2014 година. Русија повеќепати повторни дека е отворена за преговори, но сега ги отфрла разгледувањата на широка автономија за прорускиот југоисток, и бара Киев да го признае губењето на териториите кои ланскиот септември со референдуми кои не ги признава Западот се приклучија на Руската Федерација.