Кремљ: Преговорите со САД и НАТО засега се неуспешни

Кремљ во четвртокот ги опиша како „неуспешни“ досегашните разговори на Русија со САД и НАТО и наведе дека има несогласувања по темелните прашања.

Разговорите, коишто во четвртокот се преселија во Виена на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), насочени се на низата безбедносни барања која Москва му ги постави на Западот, во прв ред запирањето на ширењето на НАТО кон руските граници и нераспоредувањето воени контигенти и стратешко вооружување во соседните земји.

САД ги отфрлија таквите барања како неприфатливи, но Вашингтон и НАТО изјавија дека се расположени за разговори со Русија за контрола на вооружувањето, распоредувањето проектили и мерки за изградба на довербата, откако Москва се закани дека ќе биде присилена да одговори со насочување на своите арсенали кон базите на Алијансата и САД во Европа.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „изразено негативно“ гледа да предлог-законот кој го претставија во средата сенаторите од Демократската партија на американскиот претседател Џо Бајден, за воведување санкции против рускиот челник Владимир Путин и неговите соработници, како и за рускиот банкарски сектор, ако биде нападната Украина, и порача дека тоа дава впечатокот на обид за притисок врз Москва.

Песков рече и дека двата круга преговори меѓу Русија и Западот оваа седмица довеле до „позитивни нијанси“, но порача дека Москва бара конректни резулати а не нијанси.

Песков посочи дека воведувањето санкци против претседателот Путин би било исто што и прекинување на сите односи меѓу Москва и Вашингтон.

„На појавата на таквите документи и изјави гледаме исклучително негативно додека во заднината се одвиваат преговорите, иако несупешни. Тие не придонесуваат за конструктивната атмосфера во овие преговори“, изјави портпаролот на Кремљ на редовниот дневен брифинг за медиумите.

Истовремено во четвртокот руско-американските преговори во Женева и состаникот на Советот НАТО-Русија во Женева, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги оцени како „деловни“.

„Можам да го потврдан она што веќе го кажавме: реговорите беа деловни. Ваквата позиција на Западот е доста цврста, понекогаш арогантна, без отстапки, но сепак беше искажана мирно, на деловен начин, што овозможува да се смета на перспективата во осмислувањето на разговорите одржани во Вашингтон“, реле Лавров во интервјуто за првиот канал на јавната телевизија.

Додаде дека руската страна не била помалку цврста во искажувањето на своите ставови, имајќи според Лавров, аргументи коишто Западот ги нема.