Кремљ: Путин е спремен за преговори

Претседателот Владимир Путин е отворен за преговори за можно решение на ситуацијата во Украина, но одбивањето на Соединетите Американски Држави да ги признаат анектираните територии како руски ја кочи потрагата за каков било потенцијален компромис, соопшти Кремљ. Претседателот на САД Џо Бајден кажа синоќа дека е спремен да разговара со Путин ако рускиот лидер бара начин за крај на војната, но дека Путин тоа сè уште не го навестил.

„Претседателот на Русија секогаш бил, е и останува отворен за преговори за да ги обезбеди нашите интереси“, им кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на новинарите на прашањето за изјавата на Бајден. „Најпожелниот начин за постигнување на нашите интереси е со мирни, дипломатски средства“, додаде Песков.

Путин претходно кажа дека воопшто не жали за почнувањето на специјалната воена операција во Украина и ја смета војната за клучен момент кога Русија конечно ѝ се спротивстави на арогантната западна хегемонија по децениите понижувања по падот на Советскиот Сојуз во 1991.

Украина и Западот велат дека Русија нема оправдување за она што го нарекуваат окупациска војна. Киев порача дека ќе се бори сè додека и последниот руски војник не биде исфрлен од нејзината територија.