Кремљ: Русија не е вмешана во „хаванскиот синдром“

Русија нема ништо со таканаречениот „Хавански синдром“, мистериозна невролошка болест на којашто се жалат повеќе од 200 американски дипломати, разузнавачи, функционери и членови на нивните семејства во странство, соопшти во четвртокот Кремљ.

Од Кремљ всушност одговорија на написот на The Washington Post објавен во средата во кој беше наведено дека Вилијам Барнс, директор на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), при неодамнешната негова посета на Москва, каде што своевремено беше амбасадор, на челниците на руските разузнавачки служби им рекол дека „би било неприфатливо“ странски разузнавачки агенции да предизвикуваат мозочни оштетувања и други болести меѓу американскиот персонал и членовите на нивните семејства.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека за тој проблем не се дискутирало на политичките состаноци во текот на посетата на директорот на CIA или со претседателот Путин. Додаде дека не може да ги коментира приватните разговори на Барнс со шефовите на руските безбедносни служби.

„На ова прашање можеме едноставно цврсто да негираме какви и да се сигнали, импликации или изјави за наводна вмешаност на руската страна во овие случаи. Немаме ништо со тоа“, рече Песков.

Хаванскиот синдром, со симптоми како вртоглавици, мачнина, мигрени и дупки во памтењет, е наречен така бидејќи првпат е забележан кај вработени во амбасадата на САД на Куба во 2016 година.

На почетокот од октомври годинава портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американската разузнавачка заедница сѐ уште не успеала да го откре изворот на појавата на ткн „Хавански синдром“ кај американските дипломати и други државни службеници, но ја продолжува истрагата на оваа тема. Потврди тогап дека сѐ уште траат претходно започнатите сеопфатни истраги за манифестациите на „Хаванскиот синдром“ во кои се вклучени разни американски специјални служби.
Портапролката на Белата куќа ги имаше предвид информациите за мистериозните акустични или други напади со можно користење на „насочена енергија“.

Една седмица претходно американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот за укажување помош на американските воени и владини службеници кои страдаат или настрадале од ткн „Хавански синдром“. Законот предвидува исплата на надомест за оние кои претрпеле „оштетувања на мозокот“ додека биле на должноста, и во странство и на американска територија. Притоа, во објавата не е наведено за кои конкретни суми станува збор.

Случаите на „Хаванскиот синдром“ првпат беа објавени кај американските дипломати на Куба во 2016 и 2017 година, како и во Кина следната 2018 година. Според описите во американските медиуми, дипломатите биле изложени на звучни ефекти, кои предизвикувале долгорочни здравствени последици. Повремено, извори на американските медиуми ја споменуваат Русија како извори и организатор на „акустичните напади“, на што Москва одговори дека станува збор за „потполно апсурдни и чудни инсинуации“.

Случаи на здравствени проблеми, слични на „Хаванскиот синдром“, исто така, според медиумите биле забележани кај американски дипломати во Африка, Таџикистан и Москва, Едн од последните познати случаи на необјаснивата болест е регистритана кај член на тимот на директорот CIA, Вилјам Барнс, во текот на неодамнешниот престој во Индија.

Вкупнот, според челникот на CIA, во сите вакви инциденти настрадале неколку стотини американски дипломати, дипломати и припадници на вооружените сили, пренесе телевизијата CNN, а околу стотина од нив биле припадници на CIA. Според написите, се очекува до крајот на годинава американското разузнавање да ја заврши истрагата за ткн „акустични напади“ кои го предизвикуваат синдромот, но според изворите истражувањето може да биде пролонгирано а, исто така, не е планирано и извештај за јавноста.