Кремљ се сомнева во подобрување на руско-британските односи

Кремљ денеска изрази сомневање дека ќе дојде до подобрување на руско-британските односи по победата на Конзервативната партија на вонредните парламентарни избори во Велика Британија.

-И натаму се надеваме дека политичките сили кои победија на изборите, без разлика од која земја доаѓаат, сакаат дијалог и да имаат добри односи со нашата земја. Меѓутоа, не знам колкави можат да бидат нашите очекувања во тој правец токму во случајот со (британските) конзервативци, изјави порртпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руско-британсите односи се затегнати заради различни несогласувања и шпионскиот скандал.