Кремљ: Тенковите „Абрамс“ во Украина, горат исто како и сите други

Секое оружје доставено до Киев „ќе изгори“, а тенковите М1 Абрамс произведени во САД не се исклучок, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Беше обавено видео од уништениот тенк М1 Абрамс од страна на руските сили. Возилото, наводно, било уништено во близина на селото Бердичи, кое се наоѓа северозападно од Авдиевка, граг кој го заземаа руските сили овој месец.

„Од самиот почеток нашите војници велеа дека овие тенкови ќе изгорат како и сите други“, рече Песков.

Како што вие и јас знаеме од дневните извештаи на Министерството за одбрана, ова е секојдневна, систематска, професионална и посветена работа на нашата војска, која ја демилитаризира Украина и тоа го прави секој ден“, додаде тој.

Тенкот од американско производство, наводно, бил погоден од беспилотно летало камиказа и најмалку еден проектил од фрлач на противтенковски гранати.

Соединетите Американски Држави ветија серија од 31 тенк М1 Абрамс за Киев во јануари 2022 година, пред долго нагласената, но на крајот катастрофална украинска контраофанзива против Русија.

Сепак, тенковите целосно стигнаа до земјата дури кон крајот на 2022 година и се појавија на бојното поле дури во изминатите неколку дена, во услови на напорите на Киев да ја стабилизира ситуацијата на фронтот по падот на Авдиевка.