Кремљ: Трамп нема да дојде во Москва на Денот на победата во Втората светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да дојде во Москва на 9 мај, на прославата на денот на победата во Втората светска војна, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Русија „по дипломатски канали добила информација дека претседателот нема да дојде“ и дека се уште не се знае кој ќе ги претставува САД на прославата.

Песков не ја наведе причината за одбивањето на Трамп да дојде во Москва на 9 мај.

Москва постојано го повикува Трамп на прославите на победата на сојузниците во Втората светска војна, што за Русија е најважниот празник, но Трамп минатата година кажа дека го цени повикот, но дека не е сигурен дали ќе може да дојде доколку прославата се падне „ во екот на политичката сезона“.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Тасс денеска порача дека „ќе биде грешка доколку светските лидери не присуствуваат на годинешното одбележување на Денот на победата“.